Градоначалникот Бакрачески на приемот кај претседателот Иванов

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа, присуствуваше на традиционалниот прием што претседателот Ѓорге Иванов го организира за дипломатскиот кор, воени аташеа, почесни конзули и претставници на меѓународни организации во Република Македонија.

Претседателот Иванов во своето обраќање се осврна на предизвиците од мигрантската криза како и за изјавите на одредени политичари од регионот оценуваќи ги како несоодветни за времето во кое живееме.

На приемот, покрај претседателот Иванов свое обраќање имаше и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.

Во рамки на дипломатскиот прием, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор, денес ќе ја посетат општина Вевчани, каде што е предвидена посета на црквата „Св. Никола“ и на Вевчанските извори.