Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust за 2017 година за млади истражувачи од Република Македонија доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високо образовни и научни истражувачки институции во Велика Британија.
Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон, односно 1000 фунти месечно за универзитети лоцирани во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите.
Услови за конкурирање:
– Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
– Одлично познавање на англиски јазик;
– Да не се постари од 30 години;
– Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.
Потребни документи за конкурирање:
1. Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон ;
2. Биографија (CV);
3. Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
5. Копие од диплома за завршено образование;
6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови;
7. Потврда за познавање на англискиот јазик ( ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или др.) и
8. Потполнет формулар (од www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.
Потполнетиот формулар и потребните документи (на англиски јазик), треба да се поднесат во Министерството за образование и наука на адреса:
Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54 -1000 Скопје, Сектор за наука и иновации.
Крајниот рок за поднесување на документите е 15 март 2017 година.
Подетални информации може да се најдат на www.britishscholarshiptrust.org или во Министерството во канцеларија 1410, на телефонскиот број 02 3140-185 или на e-mail: chawkesworth304@btinternet.com, katerina.sumanovska@mon.gov.mk