По налог на Комуналната инспекција и по барање на жителите, вчера и денес дел од екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани во с. Ливоишта.
„Се расчистуваше каналот од зголемената вегетација на трње и зеленило и се уредуваше зеленилото покрај главната улица со цел побезбедно движење на возилата. Друг дел од вработените беа ангажирани на уредување на дрворедите на ул. „Димитар Влахов”. Ваквите активности се неопходни за подобрување на хортикултурното уредување на јавните површини и за подобрување на условите за движење на пешаците.“– информираат од претпријатието.