Петти роденден на Mакедонскиот весник „Илинден“ – Тирана

Пред пет години, како двоброј за февруари и март, беше испечатено првото издание од македонскиот весник „Илинден“ весник на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Изминативе пет години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник „Илинден“ како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во петгодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонско национална малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава.

„Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. По повод петгодишниот јубилеј на Македонски весник „Илинден“ од Тирана, Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот.“ – велат од редакцијата на весниот „Илинден“ – Тирана.

Воедно, Редакцијата на весникот „Илинден“ Тирана и се заблагодари и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.