НК КР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од Струга и против ГТД „ТРИМ“ Охрид ДОО поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот како управител на второпријавениот кое бил изведувач на колективна станбена зграда лоцирана на катастарски општини Струга, на ул.„Партизанска“ во Струга постапиле спротивно на основниот проект за кој било издадено одобрение за градба, при што противправно изградиле дел од градбата за што од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено било решение за отсранување на истата.