Министерот Нухиу на конференција во Виена

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу учествува на Конференцијата на министрите за внатрешни работи и одбрана во рамките на Салцбуршкиот форум, што се одржува во Виена.

Во своето обраќање, министерот Нухиу изрази благодарност до пријателските земји за финансиската и материјалната поддршка, како и за испраќањето на контингенти составени од полициски службеници во Република Македонија. Министерот Нухиу рече и дека доколку мигрантската криза се повтори, ќе биде потребно повторно ангажирање на целокупните национални капацитети како и при првиот бран, а многу веројатно и ангажирање на дополнителни капацитети за спречување на илегалното преминување на државната граница на Република Македонија.