По налог на комуналната инспекција во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” чистеа на ул. „Марко Цепенков” во близина на градската болница и под бараките во близина на игралиштето.
„Ангажирани беа 8 работници, а беа подигнати околу 15м/3 отпад. Денес беа ангажирани 10 работници на расчистување на потегот од с.Косел до Прентов мост, каде што беа подигнати околу 60 вреќи на отпад.“– информираат од претпријатието.