Хит претставата „Детектор за лаги“, утревечер охриѓани ќе имаат можност да ја проследат во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите се во продажба на билетарницата на Центарот по цена од 200 денари.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст е над 15 години.