Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2016 година изнесува 42 101, а бројот на ноќевањата изнесува 81 060.
Бројот на туристите во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е зголемен за 4.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.7%.
Бројот на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 4.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.5%.
Во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 5.1%.
Во периодот јануари-декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.6%, а кај странските има зголемување за 1.7%.