Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,09%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 41,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.02.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,498 ден/кг.