Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска се сретна со техничкиот директор на меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена (ИАЕА), г-дин Јинг Жанг.
Во текот на средбата, министерот Лутфиу и г-дин Жанг разговараа за соработката помеѓу ИАЕА и Владата на Република Македонија, при што министерот Лутфиу му се заблагодари на директорот за досегашната финансиска поддршка за реализирање на проектите од областа на развојот на човечките ресурси и за инфраструктурните проекти во областа на нуклеарната заштита и безбедност.
Министерот Лутфиу, исто така му се заблагодари на директорот и за поддршката на 4 нови проекти од Република Македонија кои исто така се наоѓаат во листата на финансиска поддршка за 2018-2019 година.
Проектите кои ќе бидат финансирани се од областа на нуклеарната медицина и од областа на животната средина и радиоактивното следење.