Европската комисија ги откри финалистите за наградата на Европската недела на мобилност за 2016 година. Годинава Скопје, заедно со Малме (Шведска) и Лисабон (Португалија) ќе се натпреварува за првото место, а победникот ќе биде објавен од Виолета Булц, европски комесар за транспорт, за време на церемонијата на доделувањето на наградата која ќе се одржи во Брисел на 20 март 2017 година.
Темата на кампањата на Европската недела на мобилност 2016 беше “Паметна и одржлива мобилност – инвестиција за Европа”, а насловот на повикот за акција “Паметна мобилност. Силна економија. ” Независна комисија на експерти за мобилност и транспорт, од вкупно 63 апликации од 23 различни земји го направи потесниот избор од 10 кандидати, од кои се избрани трите супер финалисти. Во потесниот избор покрај Скопје, Малме и Лисабон, влегоа и Бјалисток (Полска), Крушевац (Србија), Палма (Шпанија), Прага (Чешка), Самос (Грција), Софија (Бугарија) и Валенсија (Шпанија).evropski den na mobilnost skopje 2017
Избраните градови се препознати по визијата и долгорочните мерки за воспоставување на одржливи транспортни урбани системи, интегрираниот пристап, добрата комуникација и вклученост на јавноста во развивање на одржливо транспортно однесување.
Градот Скопје се вклучи во оваа европска иницијатива уште во 2002 година, а неговиот последен успех е во 2014 г. кога заради бројни активности и перманентни мерки за развивање на одржливи транспортни решенија беше номиниран во 10-те најдобри европски градови. Годинава со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во улога на национален координатор, Европската Делегација во Македонија, УНДП и други бројни партнери, Градот во текот на целата седмица на реализација на кампањата ги промовираше бројните активности реализирани во текот на годината. Помеѓу другите се промовираа нови велосипедски патеки, користењето на електричните и хибридните возила, се промовираа нови транспортни решанија, бројни мерки за подобрување на јавниот транспорт, се популаризираше велосипедизмот и здравите рекреативни навики со кои од друга страна се равиваат локалните економии и се промовираше проектот за воведување на систем за споделување на возила во урбана градска средина.