Министерството за образование и наука во соработка со Европската комисија на 24 март 2017 година со почеток во 9:00 часот, во просториите на МАНУ, организираат Инфо ден за програмата на Европскиот истражувачки совет во рамки на Европската програма за истражување и иновации – “Хоризонт 2020“.
За време на презентацијата, претставници на Европскиот истражувачки совет ќе се осврнат на можностите, односно грантовите за финансирање на истражувања во повеќе категории кои ги нуди програмата, критериумите за аплицирање, процедурите за поднесување на предлог проекти и процесот на евалуација на предлог проектите.
Заинтересираните учесници можат да се пријават на следните електронски адреси:
stanka.petkovska@mon.gov.mk и violeta.atanasovska@mon.gov.mk
Подетални информации може да се обезбедат на телефонските броеви 076 485 045 и 076 485 058.
Бројот на учесници е ограничен на 120. Такa што, присуството на заинтересираните ќе биде овозможено според времето и редоследот на регистрација.