Mинистерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на работилницата на тема „Научени лекции и одговор на хуманитарни потреби во бегалската и мигрантска криза во Република Македонија“ при што потеницраше дека од почетокот на 2015 години па се до март 2016 година, низ Македонија поминаa речиси 800.000 бегалци и мигранти кон земјите од Западна Европа како нивни земји на дестинација.
Тој рече дека иако Република Македонија имаше и претходни искуства со масовен прилив и прифат на бегалци од регионот како последици на регионалните конфликти на подрачјата на бивша Југославија сепак последната бегалска криза беше нова, и во поширок миграциски контекст, како и во специфичните побарување и предизвици поврзани за соодветно згрижување на бегалците и мигрантите.
„Концептот на транзит беше хуманитарен предизвик и за сите соседни земји, вклучително и земјите-членки на Европската Унија. Во соработката со надлежните државни институции, домашни и меѓународни партнерски организации и донатори, како прв чекор кон новонастаната миграциска криза, Владата на Република Македонија ги отвори двата транзитни центри, Винојуг-Гевгелија на грчката граница, и транизитниот центар Табановце на српската граница на север на земјата. Во периодот до март 2016.година, центрите функционираа само како поддршка во процесот на транзит и патување на бегалците кон западна Европа, со концептот на обезбедување на еднократна хуманитарна помош, основна здравствена – прва помош, и решавање на специфичните случаеви од социјана заштита, како на пример, заштита на непридружувани малолетници. Овој концепт значително се промени со затворање на границите на така наречената Балканска рута, со одреден број на бегалци кои остана присутни на територија на Македонија со што транзитните центри се претворија во привремени прифатилишта за мигрантите кои всушност немаат решен статус во Република Македонија”, рече министерот за труд исоцијалан политика Ибрахим Ибрахими при денешното обраќање на работилницата.
Продолжи дека згрижувањето и давањето на заштита на останатите мигранти, беа предизвик за институциите во контекст на потребите од формалниот пристап кон системот на пружање на соодветна заштита.
„Не знаеме што ќе се случува во наредниот период, но како држава сме обврзани да им помогнеме и да го задржиме хуманиот аспект кој досега сме го негувале”, рече Ибрахими.
Инаку, во Македонија во моментов има околу 100 мигранти во прифатните центри во Гевгелија и Табановце и 30 кои побарале азил и се сместени во Центарот за азил во Визбегово..
Претставникот на УНИЦЕФ Елспет Ериксон смета дека ваквите дебати се исклучителен пример за добра соработка и начин како да се согледаат грешките за да не се повторат но и да се подобри системот на заштита. Таа рече дека во изминатите две години како одговор на мигрантската криза беше завршена одлична работа. Беа воведени нови практики, иновативни, но и многу лекции беа научени од она што се случуваше на терен. Во текот на тие две години 120.000 мигранти-деца поминаа низ Македонија, и УНИЦЕФ нив им помогна на нивниот пат.