Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес во Сараево, во изјава за медиумите истакна:
„Дозволете да ве поздравам, благодарам на вашето присуство. Навистина сум среќен за оваа средба што денеска ја остваривме со нашата сестринска партија, Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина – беше на неколку пати закажувана и еве сега имаме прекрасна можност, преку еден ваков работен состанок, да разговараме и да размениме драгоцени искуства. Имаме многу што и ние да научиме од Босна, како искуства имавме и што да пренесеме, затоа што пред два месеца имавме избори во Македонија, коишто беа резултат на упорна борба на опозицијата во обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори.
Во Македонија се одржаа кредибилни и регуларни избори, не беа тие до крај фер и демократски, но немаше фалсификат на самите избори, што е многу значајна работа пред `се заради граѓаните, заради кои работат и постојат политичарите и политичките партии. Со социјалдемократите од Босна и Херцеговина имаме многу што да соработуваме. Ние се познаваме и лично, нашите раководства се долгогодишни пријатели и можеме многу што да пренесеме како искуство. Секако денеска потврдив дека на есен ќе бидеме јас и раководството на мојата партија присутни овде во Сараево на една голема регионална средба на социјалдемократите, социјалистите и левичарите, генерално од целиот овој регион, за да размениме искуства, но се надевам дека Македонија ќе биде една убава, позитивна порака за целиот регион, дека е возможно партиите со лева ориентација, социјалдемократите, повторно да добијат шанса од граѓаните и полека да ги нормализираат сите овие национализми, па и радикализми што `се повеќе се појавуваат во мултиетничкиот Балкан.
Доаѓам исто така од една мултиетничка држава, Македонија е исто така едно мултиетничко општество, навистина сум горд што мојата политичка партија ја поддржуваат граѓаните од сите етнички заедници, јас верувам како левичар во овие вредности – дека мултикултурализмот претставува ветaр во грб за развојот на државите, а не слабост и пречка во нејзиниот развој. Таа вредност треба да ја искористиме за да можеме здружени во различностите да и помогнеме на нашата земја за којашто функционираме, соодветно на тоа и Босна, СДП каде што функционира, но и на сите граѓани без разлика на кој етникум се, од која вера припаѓаат или слично.
Истовремено и денеска сме овде и по повод примање на една награда којашто ќе биде доделена од Дирекција – Агенција за нај градоначалник, нај бизнисмен, нај економисти, тоа се случи некаде летото, но заради изборите не бев во можност да ја примам наградата.
Денеска ќе бидам овде присутен, но имам и неколку други средби во Сараево, да се видам со пријатели, луѓе што ги познавам овде, но секако и да имаме прилика да го видиме убавото Сараево коешто секогаш предизвикувало позитивни чувства кај нас Македонците, заради тоа што верувајте и во Македонија, се уште останаа чувствата од бивша Југославија, каде што граѓаните беа навистина поврзани од сите етнички заедници, од сите религии и веруваме дека токму тие чувства ќе бидат, дополнителна причина да ги зголемуваме соработките коишто доаѓаат во периодот пред нас.“– рече Заев.
Одговор на новинарско прашање:
Медиуми:Дали сте вие идниот премиер на Македонија, дали има договор со ДУИ и дали е тоа готова работа?
Заев: Еве вака, синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат, поради тоа што како второ рангирана партија бевме условени од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот, по нашиот Устав тој треба да го даде веднаш мандатот. Сега се веќе обезбедени потписите за давањето на мандатот, јас верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето на Влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците се усогласени. Тоа беа суштествените работи, останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на Владата и верувам дека за некои 10-15 дена Македонија ќе има нова Влада предводена од Социјалдемократите.