Меѓународен ден на ретки болести

Истражувањата на ретките болести се од клучно значење за обезбедување на одговори и решенија за пациентите на кои им се потребни, без разлика дали тоа е третман, лек или подобрена заштита.

Денот на ретки болести се одржува на последниот ден од февруари секоја година. 28 февруари 2017 година, десеттата годишнина на Денот на ретки болести, ќе соедини илјадници луѓе од целиот свет кои доаѓаат заедно за да се залагаат за повеќе истражувања за ретките болести. Во текот на последните неколку децении, фондови посветени за истражувањата на ретките болести се зголемија. Но, тоа не застанува тука. Денот на ретките болести 2017 е можност за придружување кон истражувачите, универзитетите, студентите, компаниите, креаторите на политиките и лекарите, да се направат повеќе истражувања и да ги направи свесни за важноста на истражувањата за заедницата на ретки болести.

Пациентите со ретки болести и семејствата, организациите на пациенти, политичарите, негувателите, медицинските професионалци, истражувачите и индустријата ќе се здружат за да се подигне свеста за ретките болести преку илјадници настани низ целиот свет.

Денот на ретки болести 2017 исто така е можност да се препознае клучната улога што пациентите ја имаат во истражувањата.

WebOhrid