Насловната улога во балетот „Клеопатра“ ја игра примабалерината Александра Мијалкова која годинава слави 25 години уметничка дејност, а со неа ќе настапат и Васил Чичијашвили од Грузија, Дојчин Дочев од Бугарија, Бобан Ковачевски, Марија Кичевска-Шокаровска, како и други членови на балетскиот ансамбл …
Распродадени се влезниците за балетот „Клеопатра“ на Македонската опера и балет чиј ансамбл утревечер ќе гостува во Битола.
Од Центарот за култура-Битола информираат дека влезниците биле продадени пред три седмици и за само неколку часа.
„Очекувано беше за ваков атрактивен уметнички настан влезниците да бидат продадени во кус, но не и во рекорден рок. Балетот „Клеопатра“ на МОБ е само една од повеќето содржини од музичко-сценската дејност кои ги утврдивме за оваа година, а паралелно се одвиваат и подготовките за другите дејности од наша надлежност, односно фестивалот на монодрамата и програми на уметници поединци“, истакна Борче Димитровски, директор на Центар за култура.
Насловната улога во балетот „Клеопатра“ ја игра примабалерината Александра Мијалкова која годинава слави 25 години уметничка дејност, а со неа ќе настапат и Васил Чичијашвили од Грузија, Дојчин Дочев од Бугарија, Бобан Ковачевски, Марија Кичевска-Шокаровска, како и други членови на балетскиот ансамбл.
Кореографијата е на Василиј Медведев од Русија, а музиката на Нерија Цепаите Голдберг од Литванија.