По налог на комунална инспекција, дел од екипите на “Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец”, денес беа ангажирани на расчистување на расфрлан комунален отпад на локалниот пат кој води од Бул. Туристичка се до с.Горно Лакочереј.
Во акцијата беа опфатени и с. Орман, с. Долно Лакочереј и с.Горно Лакочереј. Ангажирани беа 8 работници и беа собрани поголеми количини на комунален отпад.