Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска се сретна со г.Кристијан Тимониер, Амбасадор на Француската Република во Република Македонија. На средбата, министерот Нухиу изрази благодарност до Француската Република и до Министерството за внатрешни работи на Француската Република за одличната билатерална соработка, особено од аспект на организирање на обуки, курсеви и други едукативни проекти за вработените во министерството. Притоа, и двајцата соговорници изразија уверување дека со добра волја таа соработка ќе се продлабочи и интензивира и во иднина.
Поддршката на Француската Република во областа на безбедноста и полицијата е многу значајна за евроатлантските перспективи на Република Македонија, истакна министерот Нухиу
Во однос на актуелната ситуација, беше потенцирано дека неопходно е ангажирање на сите државни институции и ангажирање на сите граѓани. Законите треба да важат за сите подеднакво и никој не може да биде над законот. МВР во оваа ситуација во која се наоѓа нашата држава, ќе биде заедно и на иста линија и со дипломатите на европските земји во Република Македонија, истакна министерот Нухиу.