Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 97.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 7.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 3.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.6%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерали и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 6.1%, Капитални производи за 7.4% и Трајни производи за широка потрошувачка за 20.9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.3%.