ОУ „Христо Узунов“ дел од проектот „Едно капаче – една надеж“

ОУ „Христо Узунов“ Охрид се приклучува на хуманитарната еколошка акција „Едно капаче- една надеж“ на која главна и единствена цел е да се соберат што е можно повеќе пластчични капачиња.

„Капачињата се собираат и испраќаат во фабриката ПАКОМАК каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ќе ја донираме на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.“ – велат од ОУ „Христо Узунов“.

Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација- ММСА. Потребни се фирми, претпријатија, продавници, училишта, ресторани… кои ќе се вклучат во акцијата и каде луѓето би можеле да ги достават собраните капачиња. Потребни се и волонтери кои се заинтересирани да се вклучат во тимот.

Овој проект е препорачливо да се одвива во цела Македонија.

WebOhrid