Шекеринска во Берлин: Поддршка од Европа за напорите на СДСМ за демократизација на Македонија

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во рамки на дводневната посета на Берлин, Сојузна Република Германија, денеска оствари средби со претседателот на СПД Германија и кандидат за канцелар Мартин Шулц и со премиерот на Шведска, Стефан Лофвен.

Вчеравечер Шекеринска се сретна со Кнут Флекенштајн, европратеник и заменик претседавач на Пратеничката група на Социјалисти и демократи во ЕП.

На средбите, заменик претседателката Шекеринска уште еднаш доби недвосмислена поддршка и охрабрување за напорите на СДСМ за демократизација на Македонија и спроведување реформи за остварување на евроатланските аспирации.

Денеска Шекеринска е на состанокот на Президиумот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), каде ги информираше претставниците на сите сестрински партии од Европа за последните случувања во Р.Македонија и потезите на СДСМ во насока на надминување на политичката криза преку демократски средства.