УЈП: Утре е последен ден за поднесување на годишна даночна пријава

Утре (15 март 2017 година) истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход (образец ПДД-ГДП) за приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2016 година.

Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува околу 40 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Според последните податоци, најмногу пријави се доставени во Скопје (144.066), а 1728 граѓани ја искористиле можноста за достава на пријавата преку е-Даночните услуги:

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 13.03.2017 година

Регионална дирекција на УЈП Поднесени

ПДД-ГДП Електронски

ПДД-ГДП ВКУПНО

Скопје 143010 1056 144066
Битола 45701 132 45833
Прилеп 49085 119 49204
Струмица 32868 123 32991
Тетово 27345 115 27460
Штип 62786 183 62969
ВКУПНО 360795 1728 362523

Од УЈП потсетуваат дека даночните канцеларии на УЈП работат од 8:30 до 18:00 часот, а граѓаните можат да ја достават Годишната даночната пријава и преку пошта.

Со цел избегнување на метежите, отворени се дополнителни шалтери во Скопје за поднесување на Годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).

За точна адреса, локација и работно време на даночните канцеларии, информирајте се преку веб страницата на УЈП (види и http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt).

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.