Црвен крст Охрид, како дел од својата социјално-хуманитарна дејност, ги подржува иницијативите кои се насочени кон помош на ранливите категории на граѓани. Во таа насока, Црвен крст Охрид се вклучува во поддршка на промоцијата и продажбата на изданието „Мојот живот после изгубен живот – Дневникот на Матилоска“, мајка на убиениот Димитар Матилоски од Охрид.
Средствата кои ќе се соберат од продажбата на „Дневникот на Матилоска“ ќе бидат наменети за хуманитарни цели, за помош на лица со здравствени проблеми.