Десет рајски места, во кои што лесно би можеле да започнете нов живот

Дали постои мала поврзаност на локацијата каде што живеете, и вашето работно место? Тогаш, зошто не би се преселиле на некоја нова дестинација – некаде каде што климатските услови или културата подобро ќе одговараат на Вашите вкусови и личност?

Постојат некои агли на светот, на кои луѓето, од некоја причина, многу ретко помислуваат како нивна можност за преселба, и покрај нивната желба за промена на околината. Тие се во загуба, бидејќи некои од тие места се навистина неверојатни. Се што луѓето треба да направат е да ги спакуваат нивните куфери, и би можеле да се најдат во рајот на земјата.

1. АВАРУА, КУКОВИ ОСТРОВИ

Лоцирани на околу 2.000 километри североисточно од Нов Зеланд, тропските плажи на Аваруа се подеднакво волшебни како оние на Малдивите или на Сејшелите. Но, во споредба со нив, тука можете да изнајмите стан за само 130 долари месечно.
Исто така, островот привлекува и споредбено помалку туристи: речиси 100.000 странцигодишногопосетуваатоварајскопарчеземја, спореденосо 8.000.000 кои одат на Хаваи, така што нема да имате толпи луѓе кои би го нарушиле вашето уживање во атракциите на Аварува, во кои што спаѓаат и разгледувањето на делфините, одењето на долги и релаксирачки прошетки, како и уживањето во заносните глетки.

2. ЧЕШКИ КРУМЛОВ, РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

Тоа е бајковит град, сместен во регионот Бохемија, во Република Чешка. Целото место личи на голем замок, од средновековието. Сите улици се направени од заоблен камен. Трговските саеми кои се одржуваат редовно, изгледаат идентично на оние кои се случувале во текот на периодот на Ренесансата, а исто така тука е и неспоредливиот фестивал на розите, кој се одржува еднаш годишно.

Вечерата за двајца ќе ве чини само 20 долари, а може да изнајмите стан по цена од 400 долари месечно. Единствениот предизвик со кој навистина ќе морате да се соочите доколку одлучите да се преселите во ова гратче, е потребата да го научите Чешкиот јазик!

3. КОХ ТОНСАИ, КАМБОЏА


Овој мал остров во северниот дел на Камбоџа е вистински рај од џунгли, и плажи. Покрај малкутемина рибари и нивните семејства, никој посебно не живее тука, така што може да се најде сместување по навистина ниски цени. Тука можете да го поминете времето релаксирајќи се на плажа, или истражувајќи ги пештерите во џунглите.

Освен тоа, некој од рибарите ќе ви зготви и вкусно јадење од свежо уловени ракчиња за само пет долари, а останатите производи од морска храна нема да ве чинат повеќе од 1-2 долари.

Накратко кажано, станува збор за совршено место за сите оние кои сакаат да избегаат од цивилизацијата.

4. ГВАНАХУАТО, МЕКСИКО

Сместен директно во срцето на Мексико, живописниот град Гванахуато е колевка на културата. Во него е многу лесно да се најде сместување за само 150-200 долари месечно; за пијалак ќе издвоите помалку од еден долар, додека пак билетот за кино ќе ве чини само 3 долари. Исто така, Гванахуато е дом на познатиот уметнички фестивал, Сервантино.

5. БИСЕРНИ ОСТРОВИ, ПАНАМА

Прекрасен архипелаг, кој е распослан на 30 километри, на западниот дел на копното, и на кој некогаш била пронајдена голема количина бисери. Исто така, тоа било и скришно место на пиратите. Денес, архипелагот е вистински рај преполн со величествени одморалишта, кои се користат од страна на локалното население. Тука можете да изнајмите мала куќа покрај морскиот брег, за околу 300 долари месечно. Бисерните острови се идеални за оние, кои сакаат да побегнат од светот.

Што се однесува до пејзажите, со сигурност се работи за едно од најимпресивните места на планетата.

6. ПЛАЖА АГОНДА, ГОА, ИНДИЈА

Јужниот дел на Гоа е место каде што можете да јавате слон, веднаш до плажата. Цената на шише вино, изнесува околу 50 центи, фризерските услуги ќе ве чинат околу 60 центи, а за изнајмувањето колиба за одмор ќе треба да издвоите 120 долари месечно. Местото изобилува и со храмови, и места за вежбање јога.

Овој дел од земјата е прилично напуштен, така што локалното население нема проблеми со туристите.

7. ВЕЛИКО ТРНОВО, БУГАРИЈА

Ова мало место е вгнездено во долина, во северна Бугарија. Убаво е како Франција, но за разлика оттаму, за шише вино, тука ќе платите само 80 цени, додека изнајмувањето стан ќе ве чини 200 долари месечно.

Градот има само 70.000 жители, а единствениот недостаток е инфраструктурата на градот, која е потребно да се подобри.

8. ХО КОЧ, ВИЕТНАМ

Југоисточниот брег на Виетнам, е познат по неговите 11.000 хектари тропска шума. Со неговиот голем корален гребен, ова е можеби најубавото место за нуркање во Азија.

Дури и за викендите, местото е повеќе или помалку посетено од туристи. Можете да најдете место за живеење, за околу 150-200 долари месечно.

9. КСАМИЛ, АЛБАНИЈА

Југоисточниот дел на Албанија е идеално место за луѓето, кои се во потрага по тивок живот. Областа е препознатлива по Медитеранската клима, блискиот национален парк и локалната кујна со маслиново масло, мандарини и 30 различни видови риба.

Престојот тука е многу поефтин од соседните земји, Грција, Италија, па дури и Хрватска. Тука, за пијалак потребно е да издвоите само 90 центи, додека пак цената на просечен оброк е околу 6 долари. Што се однесува до сместувањето, висината на цената за изнајмување престојувалиште на месечно ниво се движи од 150-200 долари.

10. LAS TRANCAS, ЧИЛЕ

Посетителите на Las Trancas, имаат можност да уживаат во еден од најубавите погледи на територијата на цела Јужна Америка. Скијањето трае цела година, а сместувањето чини околу 300 долари месечно.

Побогатите туристи живеат на самите падини на планината, а, пак, поискусните посетители и локалното население го преферираат селото кое е сместено под планината.

Единствениот потенцијален недостаток ( барем, за одредени луѓе ), е тоа што зимата не го отстапува своето место на ниту едно друго годишно време.

Подготви: Весна Цветаноска

Преземено од www.brightside.me