Министерот за образование и наука, г-дин Пиштар Лутфиу потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Фондацијата за политики и дипломатски истражувања која е дел од УНЕСКО, при што ќе се доделат најмалку 10 стипендии годишно за втор и трет степен на студии.
Покрај доделувањето на стипендиите двете страни ќе бидат и дел на заеднички иницијативи како што се обуки на различни теми од областа на образованието, развој на наставните програми, учење на далечина и заеднички конференции, како и проекти кои ќе бидат организирани во рамките на договорот кои исто така ќе можат да ги користат студентите и професорите.
Меморандумот се потпишува по иницијативата на УНЕСКО, според кој студентите ќе располагаат со различни бенифиции односно пристап до дата – податоци онлајн книжарницата на УНЕСКО, програми за експерти, стипендии за магистерски и докторски студии, размена на студенти како и организирање на заеднички семинари и конференции.