Зачленувањето во ЕУ повеќе од една деценија чека на прием заради условот да се смени вековното име на земјата. Тоа се прави прво со потребата да го задоволат угнетувачот, потоа со посета на „оваа држава“ и избегнување да го изговорат вистинското име, и конечно, повикувајќи го [внесете го овде името на главниот град за да не морате да го кажете името на државата] да ја прифатит коалицијата која што има за цел да го уништи етничкото потекло и територијалниот интегритет на земјата. Таквата политика е совршен рецепт за да се оддалечи државата од ЕУ и од Западот. Секоја ви чест г-дине Комесар за проширување Јоханес Хан. Вие, и уште безброј други европски и американски официјални лица буквално правите обратно од тоа што треба да се прави за да создадете услови за зголемување на членството во ЕУ и спротивно на идеалите за човекови права и почитување кое што го декларираат ЕУ и Западот.
Објаснете ве молам, како можете да мислите дека ова е вистинскиот пат? За било кој. Македонците продолжуваат, со право, со масовни протести низ целата држава – да, државата со име МАКЕДОНИЈА – протести против Тиранската платформа и странскиот интервенционизам. Платформа која што е изготвена во странска држава, со цел да се сменат македонското име, идентитет, знаме, химна и да го поткопа територијалниот интегритет на Македонија. Прочитајте ја. И потоа кажете ни, вие г-дине Хан и вашите соучесници, Високата претставничка на ЕУ, Могерини и сите останати, дали не ја разбирате содржината на таа платформа, или можеби комплексите на виша вредност ви даваат за право да мислите дека можете да и’ диктирате на Македонија како да се справува со нејзините внатрешни проблеми и со нејзиниото постоење?
Чекаме на ваш одговор. Барем толку заслужуваме. И уште една сугестија за, колку-толку, да го поправите овој хаос предизвикан од Западот – Прогласете ги за непотребни анти-македонските преговори за името и направете го со тоа првиот чекор кон здравиот разум.
Бил Николов,
Претседател на Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права