Светски ден на метеорологијата

Светскиот ден на метеорологијата се одбележува секоја година на 23 март. Темата за оваа 2017 година е: „Да ги разбереме облаците“, со која се потенцира огромната важност на облаците за времето, климата и водата. Облаците имаат важна улога при набљудувањето на времето и прогнозите. Облаците се едни од клучните несигурности во проучувањето на климатските промени: ние треба да разбереме подобро како облаците влијаат врз климата и како климатските промени ќе влијаат врз облаците. Облаците ја имаат клучната улога во кружниот тек на водата и обликувањето на глобалната дистрибуција на водните ресурси.

Светскиот ден на метеорологијата ќе обезбеди можност да се прослави својствената убавина и естетскиот изглед на облаците, кој инспирира уметници, поети, музичари, фотографи и безброј други ентузијасти низ историјата.

Напредокот во науката, технологијата и фотографијата ја поттикна Светската Метеоролошка Организација за преземање на амбициозна и сеопфатна задача за ревидирање и ажурирање на Атлас со слики доставени од метеоролозите и фотографите од целиот свет.

Светскиот ден на метеорологијата го означува почетокот на новото издание на Меѓународниот Атлас на Облаци (Cloud Atlas) по најтемелната и далекусежна ревизија досега. Новиот Атлас е ризница на стотици слики на облаци, вклучувајќи и неколку нови класифицирани видови облак. За прв пат во историјата, овој Атлас е објавен во дигитален формат и е достапен преку компјутер и мобилни уреди.

WebOhrid