Со цел да се поттикне еколошката свест кај младите, како и да се развие чувството на естетика и припадност кон заедницата, во ОУТУ „Ванчо Питошески“- Охрид беа организирани низа креативни работилници кои ја поттикнаа фантазијата и креативноста на учениците, при што од стар отпаден материјал дворот на училиштето го претворија во пријатно место за одмор и дружење на учениците.
Целта на оваа активност беше да се развие чувството на припадност и одговорност кон училиштето преку активности и неформална комуникација на учениците која доведе до зголемување на социјалните контакти, намалување на стереотипите и создавање на позитивна атмосфера.