Тимот на РК Охрид и официјално го освои првото место од регуларниот дел во Македонската ВИП Суперлига. Вечерва во Радовиш, охридскиот тим успеа да го совлада домаќинот – тимот на РК Радовиш со резултат 25-33.
По 18 одиграни рунди, РК Охрид и РК Пелистер освоија ист број бодови, иста гол-разлика, но тимот на РК Охрид има дадено 2 голови повеќе од Пелистер.
Ова воедно е најдобар пласман и историски успех за РК Охрид.
Ракометарите на РК Охрид ќе ги очекува далеку посериозна конкуренција во плеј-офот кој што следува, каде покрај првите 4 екипи од регуларниот дел ќе се придодадат Вардар и Металург.
Во плеј-аутот ќе играат 6-те екипи кои се на долниот дел на табелата.
WebOhrid