Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошевски во една од контрарепликите појасни колку е важен изборот на Комисијата за избор и именувања.
Една работа треба да ни биде јасна, во овој мандат пратениците во Собранието на Република Македонија имаат историска одговорност, дали државата ќе ја зачуваат во вакво устројство – унитарна, или Македонија ќе почнат да ја туркаат кон концептот на Босна и Херцеговина, истакна Милошевски.