Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски оствариле средба со германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Конгресот на ЕПП во Малта.
На средбата заедно со Меркел биле и претседателот на Комитетот за надворешни работ во европскиот парламент и прв потпретседател на ЕПП, Дејвид Мекалистер и неколку други нејзини соработници.
На средбата, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја објасниле актуелната политичка ситуација во Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата и политичката криза, како и можните решенија за излез од неа и движење на земјата напред кон НАТО и ЕУ.
Двете страни размениле свои видувања за состојбата и мислења за можните опции за понатаму.