Одржана првата дебата за исполнетост на детските права во СОСУ „Св. Кирил и Методиј”

Денес во Средното Општинско Стручно Училиште „Св.Кирил и Методиј“ се одржа првата дебата за исполнетост на детските права во училиштето, која се реализираше во соработка со Ученичката Заедница и со децата правобранители во училиштето, и на која учествуваа 20 ученици.

На дебатата се дискутираше за инсполнетоста на детските права во оваа образовна институција, врз основа на 12 индикатори кои се евалуирааа во текот на месец Април 2016 година, и со кои беа опфатени 240 ученици од втора и трета година на образование.

Заклучокот на учениците е дека повеќето од нив сеуште не се запознаени со правата и со обврските кои произлегуваат од тие права, и дека потребно е повеќе да се работи на промоција на секое детско право, како и на подобрување на комуникацијата на релација професор – ученик и обратно, на зајакнување на меѓусебната почит и соработка и дека нивниот глас треба повеќе да се слуша, од аспект на процесот на донесување одлуки.

До крајот на учебната година, во ова училиште и во двете згради на О.У “Братство Единство”, ќе се спроведат уште три дебати на кои ќе се дискутира во однос на индикаторите и на сознанијата добиени со нивната анализа, со цел изградба на поквалитетни демократски капацитети за сите деца во овие училишта.