Забава за најмладите охриѓанчиња на градскиот плоштад по повод Денот на шегата

По повод 1ви април Денот на шегата, Детската градинка „Јасна Ристеска“ од Охрид денес организираше забава на градскиот плоштад. Манифестацијата започна со дефиле по градските улици под маски од омилените јунаци од децата.

Можеа да се забележат најразлични и интересни маски буба мари, пеперутки, пчели, принцови и принцези, змејови и пирати.

„Забавата беше посветена на децата со аутизам со цел да ги развеселиме и интегрираме.“ – велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

На забавата се придружија и децата од Центарот со посебни потреби „Зраци“ од Охрид.

WebOhrid