Денес во кабинетот на министерот за внатрешни работи , се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Др. Агим Нухиу и Амбасадорот на Република Турција Н.Е. г-ѓа Тулин Еркан Кара. Најпрвин, министерот Нухиу искажа благодарност за одвоеното време на Амбасадорот за посета на Министерството за внатрешни работи.
Двајцата соговорници разменија искуства во борбата против тероризмот и предизвиците на мигрантската криза. Тема беше и продолжување на соработката на полето за обука и семинари во министерството за внатрешни работи на Република Турција, кои би ги посетувале наши полициски службеници.
Министерот Нухиу и Амбасадорката Кара се согласија дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена.