Авиокомпанијата ќе сообраќа на линијата Будимпешта–Скопје–Будимпешта двапати неделно, односно секоја среда и секоја недела.
Со традиционален воден мост и сечење торта симболизирајќи го почетокот на новата воздушна линија, аеродромскиот оператор ТАВ Македонија на скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска го пречека авионот од Будимпешта на Виз ер, одбележувајќи го отворањето на новата рута меѓу двата главни града – на Македонија и на Унгарија.
Новата ниско-тарифна линија со погоден распоред на летање, чија фреквенција е два лета неделно, ќе донесе пристапни можности за патување при што македонските патници ќе можат да го откријат величествениот главен град на Унгарија, како и 61 друга дестинација низ Европа, достапни на ниско-тарифната мрежа на Виз ер од Будимпешта. Патниците што го планираат нивниот одмор или викенд во Будимпешта и подалеку, можат да ги резервираат своите билети на wizzair.com со цени кои почнуваат од 899 денари.
„Воведувањето на оваа линија меѓу Скопје и Будимпешта од страна на Виз ер денес е важен чекор напред за македонското воздухопловство, бидејќи со ова се исполнува побарувачката на пазарот што остана отворена во изминативе 5 години, односно од февруари 2012 година. Со овој потег на Виз ер, да ја воведе бараната линија Скопје–Будимпешта, ние сме сигурни дека патувањата ќе бидат многу полесни и дека нашите патници ќе бидат задоволни. Дополнително, очекуваме оваа линија да придонесе за пораст на туризмот, како и за бизнис-размената меѓу двете земји, Македонија и Унгарија,“ изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.
Авиокомпанијата ќе сообраќа на линијата Будимпешта–Скопје–Будимпешта два пати неделно, односно секоја среда и недела, со пристигнување на скопскиот аеродром од Будимпешта во 12:25 часот и заминување од Скопје за Будимпешта во 13:00 часот.
„Денес ја имаме честа да прославиме уште една важен настан во Скопје, воведувањето на единствената директна конекција меѓу Македонија и Унгарија. Истакнувајќи ја нашата посветеност кон клиентите од Скопје, новата услуга што почнува денес до Будимпешта ќе донесе уште повеќе можности за патување по најниска цена, вклучувајќи откривање на прекрасната Будимпешта, заедно со 61 друга дестинација низ Европа што се достапни преку мрежата на Виз ер со најниски цени за авионски билети од Будимпешта. Освен тоа, директната услуга ќе го стимулира дојдовниот туризам во динамичниот главен град Скопје и ќе ги зајакне деловните врски меѓу двете држави. Се радуваме на натамошната соработка со скопскиот аеродром и на воведувањето подостапни можности за патување за македонските патници. Нашиот љубезен и посветен тим со нетрпение очекува да ги пречека патниците на некоја од 27-те дестинации достапни од Скопје, за тие да ги искористат најниските можни цени, да го искусат лесниот систем за резервирање билети и да го доживеат одличното искуство за време на летот“, изјави Сорина Рац, менаџер за корпоративни комуникации во Виз ер.
Покрај генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и претставниците на Виз ер, на церемонијата за дочек на летот од Будимпешта на скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ присуствуваше и Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, како и Амбасадорот на Унгарија во Македонија Дукс Ласло Иштван.
Во 2016 година Виз ер како водечката авиокомпанија во Македонија превезе преку еден милион патници на ниско-тарифните линии од Македонија, што претставува пораст од 27% на годишно ниво. Прикажувајќи ја својата посветеност кон македонскиот пазар, авиокомпанијата поддржува повеќе од 750 локални работни места во сродни индустрии и постојано инвестира во својата растечка мрежа, нудејќи 29 линии до 13 земји од двата македонски аеродрома во Скопје и во Охрид, вклучувајќи ја и линијата од Скопје до Будимпешта што почна на 2. април.
ТАВ Македонија ги заврши првите два месеца од 2017 година со 9% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 238.180 патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Изминатата 2016 година се заврши со 1,8 милиони патници на двата аеродрома, односно 15% зголемување на бројот на патници на годишно ниво, додека бројот на летови беше 16.883, односно бележеше пораст од 8,9%.