Груевски: Водечкиот производител на седишта за автобуси и возови во Европа, германската компанија „Franz Kiel GmbH“ ќе започне со работа во Желино, Тетовско

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својата фејсбук странa објави дека и денес може да сподели една вест важна за граѓаните од Тетовскиот регион. Водечкиот производител на седишта за автобуси и возови во Европа, германската компанија „Franz Kiel GmbH“ ќе започне со работа во Желино, Тетовско. Првичните контакти со оваа компанија беа остварени во декември 2015 година со поддршка од компанијата за производство на автобуси Ван Хул во Тирз Скопје 1.Инвестицијата ќе се реализира во три фази. Првата фаза ке се реализира веќе во јуни оваа година во адаптиран објект во Желино, Тетовско со производство наменето за потребите на Ван Хул, со што првично е планирано да се креираат 60 нови работни места. Во следните фази предвидено е да се произведуваат делови за седишта и седишта за автобуси и возови кои што ќе се пласираат во Европа, Азија, Америка и други локации во светот, а планирано е да се отворат вкупно 250 нови работни места, што значи сигурна егзистенција за 250 семејства.

Нема да дозволиме она што со години го градиме за граѓаните да биде уништено. Иако СДСМ преку нејзините полуги максимално се труди државата да назадува и дополнително да кризира, ние и во овие моменти судбоносни за иднината на државата обрнуваме внимание на она што е најважно за нив, а тоа е сигурна егзистенција и нови работни места.

Таа наша борба е нашето ветување за секој еден граѓанин. И Македонците, и Албанците, и Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и сите останати, делат слични и исти потреби и се соочуваат со исти или слични предизвици. Политичарите кои разединуваат со дебати за туѓи платформи, направени надвор од државата пред се бегаат од темите кои се најважни за граѓанинот тука, а тоа е обезбедување на сигурна егизистенција. Токму ВМРО-ДПМНЕ се занимава со она што е најважно за нив. И денес можам да споделам една таква вест важна за граѓаните од Тетовскиот регион. Се исполни она што го најавив пред 2 месеци.

Водечкиот производител на седишта за автобуси и возови во Европа, германската компанија „Franz Kiel GmbH“ ќе започне со работа во Желино, Тетовско. Првичните контакти со оваа компанија беа остварени во декември 2015 година со поддршка од компанијата за производство на автобуси Ван Хул во Тирз Скопје 1.

Инвестицијата ќе се реализира во три фази. Првата фаза ке се реализира веќе во јуни оваа година во адаптиран објект во Желино, Тетовско со производство наменето за потребите на Ван Хул, со што првично е планирано да се креираат 60 нови работни места.
Во следните фази предвидено е да се произведуваат делови за седишта и седишта за автобуси и возови кои што ќе се пласираат во Европа, Азија, Америка и други локации во светот, а планирано е да се отворат вкупно 250 нови работни места, што значи сигурна егзистенција за 250 семејства.
 
Оваа германска компанија, годинава одбележува 70 години успешно постоење во светот, а својата успешна приказна по примерот на Полска и Турција ќе ја пренесе и кај нас во Македонија.

Ова е важна инвестиција особено што доаѓа во еден исклучително турбулентен период. Ние дури и во овие моменти продолжуваме да се бориме и да обезбедиме инвестиции.
Наместо спроведување на платформи од туѓи држави, нови инвестиции за сигурност, извесна иднина и нова надеж за граѓаните.