ЈП „Охридски Комуналец” започна со темелно расчистување на плажите на Охридското крајбрежје кои не се дадени под концесија. Во текот на денешниот ден беше расчистена Градска плажа и плажата во нас. Лагадин, каде што беа подигнати големи количини на трска, пластични шишиња и друг комунален отпад.
Во наредните денови акциите ќе продолжат во Пештани и во Трпејца.