Попладнево во 15:53 часот во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес.
Според Институтот за геолошки науки, енергија, вода и животна средина од Тирана, епицентарот беше 55 километри северно од Тирана, со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри.
Покрај Албанија, овој земјотрес беше почувствуван и во Црна Гора и Македонија.
WebOhrid