17-годишната Ирма Гогова од Охрид е прогласена од страна на жири комисијата за најдобра на првото издание на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, кое се одржа денес во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Ирма Гогова учи во Гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, трета година на јазично-уметничкиот смер. Претходно има учествувано на хуманитарни настапи, патронати, има неколку настапи на телевизија, оди и на хор во Гимназијата веќе 3 години и има настапувано во Белгија, Хрватска, Србија и други земји.
– Сите сме победници, Ви благодарам, изјави Ирма веднаш по победата.
Каралиевски, Китрозовски, Јовески и Пејчиноски како жири комисија на OhridSUPERSTAR
Таа претходно ја помина првата основна и елиминационата аудиција, кои беа организирани во текот на изминатиот период. Заедно со Ирма во финалето с натпреваруваа и Емилија Петровска, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска.
Даниел „високо ја подигна летвичката“ за сите кандидати
– Оставаме зад нас повеќе од два месеци во кои се потрудивме да избегаме од стандардите кои се поставени од сличните Талент шоу програми. Самиот факт што се работи за локално шоу од релативно мали градови како Охрид и Струга си има свои специфики, но сепак останавме доследни и не допуштивме квалитетот да биде доведен во прашање во ниту еден момент. За тоа секако испраќаме огромна благодарност до компаниите кои ја препознаа визијата на проектот и веруваа во нас „на збор“ дека ќе го направиме така како што ветивме, а тоа се секако „ПН Метал“, „Жито Леб“ и „Винчини“. Тука се секако нашите медиумски партнери, Регионалната О2 телевизија, кои се покажаа како врвни професионалци, „Астра дизајн“ и секако медиумската поддршка од Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио, порачуваат организаторите.
Илија Богданоски наскоро со радио проект на Супер радио
Ирма ја доби главната награда од 2.000 евра, како и учество на фестивалот „Езерски бисери“, меѓународен фестивал со можност за настап на „Славјански базар“. Втората награда, односно наградата која ја додели публиката во салата замина во рацете на танцовата група „The Passengers“, кои се откажаа од наградата и истакнаа дека сакале само да се промовираат и да се подготват за нивниот голем настап кој следува во барселона. Токму затоа, наградата замина во рацете на второпласираниот според гласовите на публиката, Билјана Буџакоска, која ќе добие песна и спот од членот на Жири комисијата Даниел Јовески.
– Вие сте толку добри и толку имате координиран настап, што јас секако ќе Ве ангажирам во спотот кој ќе го добие Билјана, истакна Јовески.
охридските медиуми застанаа зад Ohrid SUPERSTAR – Љупчо Танески од Охрид1
Третата награда, односно старт на радио проект на Супер радио замина во рацете на Стент Ап комичарот Илија Богданоски, а наградата за Тв проект на Регионалната О2 телевизија ја доби Ангела Маркоска.
Младите таленти ги поддржаа ПН Метал и „Жито леб“Силна поддршка за најталентираните и од „Винчини“
Организаторите обезбедија богати награди за сите учесници во финалето, а награди, по сопствен избор на членовите на жири комисијата, доделија и Даниел Јовески, Јовица Каралиевски и Димче Китрозовски, како и менторот Зоран Кречо.
– На фестивалот „Езерски бисери“ ќе настапат Ирма Гогова, Ивана Коскоска и Светлана Вељаноска, а на годинешното издание на реномираниот „Охрид фест“ директно, како претставници на Ohrid SUPERSTAR влегуваат Емилија Петровска и Андреа Јованоска. Членовите на жири комисијата Китрозоски и Каралиевски како изненадување за учесниците подарија по една песна на Ивана Коскоска, односно на Андреа Јованоска. Целата жири комисија се согласи да направи една песна и за младата Емилија Петровска, а менторот Зоран Кречо, во неговото студио „Кречо Саунд“ ќе направи две снимки со двата бенда кои се пријавија на Ohrid SUPERSTAR „Barrel Row“ и „High Voltage“. Во насока на подигнување на квалитетот на настапите, професорот по соло пеење Лазар Милошески за сите кандидати подари два месеци часови по пеење, порачуваат од Ohrid SUPERSTAR.
дел од „виновниците“ за првото издание на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR
Носители на проектот се водечката локална радио станица во држаvата Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети.
(Повеќе фотографии од полуфиналето можат да се погледнат на официјалната Facebook страница на шоуто).
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес