По повод објавата во германскиот онлајн портал „Фокус“, која што непрецизно беше пренесена и од дел од македонските медиуми, dm дрогерие маркт Македонија го истакнува следново:
1. dm дрогерие маркт Македонија, по информациите добиени од производителот и исклучиво како мерка на претпазливост, од сите свои продажни објекти во Република Македонија ги повлече сите количини од производот Balea течен сапун со пумпа путер млеко и лимон 500 мл, од продажба на 07.04.2017.
2. Потоа, по направените контроли утврдено е дека во dm дрогерие маркт Македонија, производот што се споменува во германски „Фокус“, со рок (06.2019) и броеви на шаржи (637541 и 637542), во кој е утврдена присутност на бактеријата Enterobacter gergoviae, ГО НЕМА ВО ПРОДАЖБА во Македонија.
3. Производите од dm Македонија се увезуваат од дистрибутивниот центар ЕНС (ENNS) Австрија, во кој од dm Германија НИКОГАШ не е испорачан овој производ со наведените сериски броеви и рок на употреба. Со самото тоа овој производ со дадените сериски броеви НИКОГАШ не е увезен и не бил ставен во продажба во dm маркетите во Македонија.
4. Изнесената неправилност на овој производ се однесува исклучиво на серија на производство со рок на траење 06.2019 и броеви на шаржи 637541 и 637542. Сите останати серии на производство од истиот производ се дозволени за продажба и безбедни за користење. Производот Balea течен сапун ДОПОЛНА путер млеко и лимон, 500 мл не е засегнат од овој проблем.
5. Во текот на денешниот ден, вторник, 11.4.2017, во просториите на dm дрогерие маркт Македонија е извршена контрола од страна на надлежниот државен санитарен и здравствен инспекторат, во чиј записник е наведено дека спорните сериски броеви не се пронајдени во асортиманот на dm дрогерие маркт во Македонија.