Прекрасниот поглед, неверојатното чувство и незаборавното искуство се незаборавни моменти кога се зборува за Охрид – стои во репортажата која ја објави полскиот магазин „KONTYNENTY“.
Прекасната бистра и совршено чиста вода на „течниот дијамант„ како што го нарекува Охридското езеро, Музејот на вода како една од најстарите населби во Европа, Галеријата на икони, ризницата на ликовната уметност, манастирот Свети Наум заслониште на мирот и спокојството, „Kontynenty“ ,срдечно ги препорачува како незибежни места кои треба да се посетат.
Магазинот нагласува и дека секој кој сака да ужива во убавините и да и се препушти на недопрената природа може да ги искористи понудите на активниот туризам. Никој, ниту за момент не останал рамнодушен на живописната природа исполнета со позитивна енергија која секогаш успева да ве задолжи повторно да бидете нејзин гостин.
Печатеното издание на магазинот „Kontynenty“ се дистрибуира во тираж од 12 000 примероци на целата територија на Полска, а електронското издание дополнително се продава преку Google play и Apple store.
Имено, методологијата за развој на Охрид како туристичка дестинација, овие години опфати широк спектар на активности вклучувајќи ја и воведената директна авиолинија Охрид – Катовице, Р. Полска, која стартува од 15 Јуни оваа година со еден лет неделно до 21 Септември.
Главна цел на ваквите активности е приближување на туристичкиот потенцијал и понуда на Охрид до потенцијалните туристи, што е во согласност со воспоставувањето на чартер летовите од оваа туристичка сезона.