Министерката за култура го проследи велигденскиот концерт на Танец

Со аплауз беше поздравен настапот на Ансамблот за народни игри и песни Taneц кој синоќа во Македонскиот народен театар одржа традиционален велигденски концерт. На концертот на кој присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска беа изведени ора од богатата етнокореолошка традиција.

“Танец”, освен во Скопје, овој месец ќе има свои настапи и низ другите градови ширум земјава. Овој месец велигденски концерти „Танец“ ќе има и во Битола (21 април) и Велес (28 април), а по повод големиот христијански празник концерти ќе одржи и во мај во уште пет градови низ Македонија – Тетово, Гостивар, Ресен, Кочани и Пехчево.

Неодамна, “Танец” издаде уште две изданија од “Незаборав”, со 10 македонски ора и 28 изворни македонски песни. Директен пренос од концертот вршeше Македонската радио телевизија.