Спортската академија по шести пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои што ќе бидат дел од ДСУ „Спортска академија“ во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2017/2018 година, кои освен во Скопје, предвидени се и како истурени паралелки во следните општини:
1. СОУ „Кузман Шапкарев“Битола – паралелка за фудбал
2. ОУТУ „Ванчо Питошески“Охрид – паралелка за фудбал
3. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – паралелка за фудбал
4. СОСУ „Моша Пијаде“ Тетово- паралелка за фудбал
5. СОУ „Коле Нехтенин“ Штип – паралелка за фудбал
Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.
Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, во средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.
Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во фази:
– Скаутирање од стручни лица
– Селекција од стручен тим
– Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија
На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.
Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Спортска федерација е следната:
За спортските паралелки по фудбал
(Фудбалска федерација на Македонија)
Тетово (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Гостивар, Куманово, Дебар и Кичево)
Датум:25.04.2017г,
Место: терен на општина Тетово, со вештачка трева
Почеток:10.30ч
Собир и евидентирање: 09.00 ч, пријавување најдоцна до 21.04.2017 г. кај регионалниот координатор Бујар Ислами 070/321-682
Охрид (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Струга и Дебар)
Датум: 26.05.2017г
Место: терен на Општина Охрид со вештачка трева Билјанини Извори,
Почеток: 11:00 ч,
Собир и евидентирање: 10.00 ч, пријавување најдоцна до 24.04.2017г. кај регионалниот координатор Гоце Толески 078/208-604
Битола (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Демир Хисар и Ресен)
Датум: 27.04.2017 г
Место: терен на Општина Битола со вештачка трева,
Почеток:12:00 ч,
Собир и евидентирање: 11.00 ч, пријавување најдоцна до 24.04.2016г. кај регионалниот координатор Лазo Гаштаров 076/282-070
Прилеп (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Крушево, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино)
Датум: 03.05.2017г
Место: терен на Општина Прилеп со вештачка трева
Почеток: 11:00 ч,
Собир и евидентирање: 10.00 ч, пријавување најдоцна до 28.04.2017г. кај регионалниот координатор Николче Здравевски 077/567-270
Штип (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Струмица, Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка и Македонска Каменица, Гевгелија Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево, Миравци, Демир Капија)
Датум:04.05.2017г,
Место:терен на Општина Штип, со вештачка трева
Почеток: 11:00ч,
Собир и евидентирање:10.00 ч, пријавување најдоцна до 28.04.2017г. кај регионалниот координатор Димитар Маџунаров 078/476-715
Скопје (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово)
Датум: 10.05.2017г Место: Тренинг Центар на ФФМ – терени со вештачка трева
Почеток: 10:00 ч,
Собир и евидентирање: 09.00 ч, пријавување најдоцна до 05.05.2017г. кај регионалниот координатор Марјан Јовановски 078/748-915
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МФФ за сезона 2016/2017
За спортските паралелки по ракомет
(Ракометна федерација на Македонија)
Охрид (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Струга, Кичево)
Датум: 17.05.2017г
Место:спортска сала „Билјанини извори“ – Охрид
Почеток: 11:00 ч
Битола (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Прилеп, Ресен,Кавадарци)
Датум: 22.05.2017г
Место: спортска сала при СОУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
Почеток: 11:00 часот
Штип, (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Делчево, Виница, Кочани)
Датум: 17.05.2017г
Место: спортска сала при ООУ „Тошо Арсов“-Штип
Почеток: 11:00 ч
Гевгелија, (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Богданци, Струмица, Валандово)
Датум: 19.05.2017г
Место: спортска сала „26 Април“-Гевгелија
Почеток: 12:00 ч
Тетово (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Гостивар и Кичево)
Датум: 22.05.2017г
Место: Спортска сала при СОУ„Моша Пијаде“ – Тетово
Почеток: 11:00 ч
Скопје (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Велес, Куманово и Крива Паланка)
Датум: 23.05.2017г и 31.05.2017г
Место: Спортска сала при ДУФК „Методи Митевски Брицо“ – Скопје
Почеток: 11:00 ч
Контакт за дополнителни информации: Милева Велкова 070/931-417 и е-пошта karbeska@gmail.com
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МРФ за сезона 2016/2017.
За спортските паралелки за кошарка
(Македонска кошаркарска федерација)
Кавадарци (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Велес, Демир Хисар, Гевгелија)
Датум: 24.04.2017г
Место: спортска сала “Јасмин”
Почеток: 09:00 ч
Струмица (други општини кои ги опфаќа ова селектирање Делчево, Виница, Кочани, Берово, Штип, Валандово, Радовиш и Пробиштип)
Датум: 24.04.2017г
Место: спортска сала “Никола Карев”
Почеток: 12:00 ч
Битола (други општини кои ги опфаќа ова селектирање Прилеп и Ресен)
Датум: 25.04.2017г
Место: спортска сала “Младост”
Почеток: 11:00 ч,
Охрид (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Струга, Дебар, Кичево)
Датум: 26.04.2017г
Место: спортска сала “Парк”
Почеток: 09:30 ч
Гостивар (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Тетово, Маврово и Ростуше)
Датум: 27.04.2017г
Место: спортска сала “Младост”
Почеток: 10:00 ч
Скопје (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово, Крива Паланка)
Датум: 05.05.2017г
Место: спортска сала “Кале” (мала сала)
Почеток: 11:00 ч,
Контакт за дополнителни информации: Драган Василов тел : 070/ 266-348 и Соња Спасовска тел : 075/ 44 44 76
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МКФ за сезона 2016/2017.
За спортската паралелка за тенис
(Македонска тениска федерација)
Скопје (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Велес, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар и Маврово и Ростуше)
Датум: 12.05.2017г
Место: ТК Југ – Скопје, Градски Парк бб – Скопје
Почеток: 10:30 ч
Битола (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен, Вевчани, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Струга)
Датум: 13.05.2017г
Место: ТК Битола – Битола, ул. Цане Василев 2/22 – Битола
Почеток: 10:30 ч.
Штип (други општини кои ги опфаќа ова селектирање: Свети Николе, Кратово, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Пробиштип, Валандово, Гевгелија и Дојран)
Датум: 13.05.2016г
Место: ТК Триумф ул. Брегалничка бб – Штип (спроти трговскиот центар ЕЛКОС)
Почеток: 13:00 ч
Втора селекција: за сите кандидати кои ќе ја поминат првата селекција
Датум: 25.05.2017г Место: ТК Југ – Градски Парк бб – Скопје Почеток: 10:30 часот.
Контакт за дополнителни информации: Слободан Бачварски 075/430-407 и Томе Гигов 078/200-287, е-пошта: goransev@yahoo.com
За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука се:
-Дана Бишкоска 075/346-973
-Нуран Кадриу Џамбази 076/445-059
-Пенка Мантова Здравковска 076/485-054
Секој кандидат е должен да пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.
Сите кандидати/ученици, за сите спортови, кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за терминот за следната фаза на селекција.