Вчера околу 10:15 часот во Кичево, пред влезот на семејната куќа, М.Ј. го пронашол починат таткото на неговата сопруга В.И.(69).
Смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Кичево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.