Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование (“Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15 и 30/16), директорот на Педагошката служба, распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници
1. Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.
2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:
-Математика за I година средно образование согласно донесена адаптирана и преведена наставна програма од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations)
-Биологија за I година средно образование согласно донесена адаптирана и преведена наставна програма од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations)
-Хемија за I година средно образование согласно донесена адаптирана и преведена наставна програма од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations)
-Физика за I година средно образование согласно донесена адаптирана и преведена наставна програма од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examinations)
3. Кандидатите за рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
-да се наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата или
-да се наставници од средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во наставата.
4. Пријавите може да се подигнат во Министерството за образование наука – Педагошка служба, ул:„Св.Кирил и Методиј“бр.54 – Скопје или да се преземат на следниот линк.
5. Рок за доставување на пријавите е заклучно со 27.04.2017 година.
6. Пријавите да се достават на адреса: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 – Скопје.