Пратеникот Илија Димовски, до колегите од СДСМ денес порача да се откажат од манипулациите кои што постизборно сакаат да ги спроведат во Република Македонија и да се откажат од прифатената Тиранска Платформа која што е причина за сите блокади што се случуваат во општеството.
„Сакам да апелирам како втора партија, да не ве наречам губитничка партија, да прифатите дека граѓаните не одлучиле вие да бидете победничка партија каква и постизборна манипулација да се обидувате да правите никогаш ќе го немате легитимитетот од граѓаните на ниво на држава. Изгубивте во 5 од 6 изборни единици, изгубивте во 80% од општините, добивте помал број на гласови, добивте помал број на пратеници и го немате легитимитетот. Единствено што треба да направите е да ги отфрлите сите постизборни манипулации, да го прифатите вашето место на втора партија и работите ќе бидат одблокирани. Практично блокадата ја правите вие со тоа што прифаќате постизборна манипулација и нормално е да очекувате дека граѓаните, пратениците, многу уметници, спортски работници, многу културни работници се спротиставија на ваквиот начин на политичко насилство кое што вие се обидувате да го наметнете на сцената“, порача Димовски.