Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, ќе се организира информативен настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективни договори.
Информативниот настан ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.
Целта на овој информативен настан е информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони.
Информативниот настан на тема: Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи и односи и колективни договори ќе се одржи утре (среда), со почеток во 11:30 часот, во хотелот „Милениум Палас“ – Охрид.
Предавач на информативниот настан е Снежана Петковска, која почетоците на своето професионално искуство ги започнува како адвокат за стопанско право, а од 1999 одина се вработува во Министерството за економија на Република Македонија, во Секторот за правни работи, како раководител на Одделението за правни работи и како раководител на Секторот за инспекциски надзор во чија надлежност е и областа за заштита при работа каде што работи се`до 2015 година. Од 2015 година до денес работи како адвокат за деловно право.