На 25-ти Април – Светскиот ден на борба против маларија, Светската Здравствена Организација (СЗО) ја повикува глобалната здравствена заедница итно да ги решава значителните празнини во превенцијата, дијагнозата и лекувањето на маларијата. И покрај драстичниот пад на случаите на маларија и смртните случаи од 2000 година наваму, од оваа болест сеуште има повеќе од половина милион жртви секоја година.
СЗО препорачува дијагностичко тестирање за сите сомнителни случаи на маларија да се осигура дека лековите против маларија се користат само за оние кои ја имаат таа болест. Најмалку три четвртини од смртните случаи од маларијата се јавуваат кај деца под 5 годишна возраст.
СЗО има развиено нова глобална стратегија за маларија за периодот 2016-2030, која поставува цел за намалување на товарот на болеста од 40% до 2020 година, и од најмалку 90% до 2030 година. Тоа би значело на елиминирање на локалното пренесување на маларија во најмалку 10 земји до 2020 година, а се проценува дека 21 земја се во позиција да ја постигнат оваа цел, вклучувајќи 6 земји од Африка, каде што товарот на болеста е најтежок. Стратегијата обезбедува сеопфатна рамка за земјите да развијат прилагодени програми кои ќе овозможат да се забрза напредокот кон елиминација на маларијата.
WebOhrid