Во 2000 година, земјите-членки на Светската Организација за Интелектуалната Сопственост (WIPO) го одредија 26 април – денот на кој WIPO Конвенцијата стапи на сила во 1970 година – како Светски ден на интелектуална сопственост со цел да се зголеми општото разбирање за интелектуалната сопственост.
Од тогаш, Светскиот ден на интелектуалната сопственост нуди единствена можност секоја година да се приклучуваат сите од целиот свет, за интелектуалната сопственост да се гледа како придонес за развојот на музиката и уметноста и за развој на технолошките иновации кои помагаат за оформување на нашиот свет.
Оваа година, ќе се истражува како иновациите го прават нашиот живот поздрав, побезбеден и поудобен, претворајќи ги проблемите во прогрес. Исто така, ќе се направи осврт кон тоа како системот на интелектуална сопственост ги поддржува иновациите со привлекување на инвестиции, наградувајќи ги творците, охрабрувајќи ги да ги развиваат своите идеи и да обезбедат нивните нови знаења да се со слободен пристап, така што новите иноватори може да ја надоградуваат денешната нова технологија.
WebOhrid